Секој нов WordPress сајт во рок од недели почнува да собира спам коментари. Тоа не значи дека сте хакирани — ботовите едноставно ги обиколуваат сите сајтови. Еве како да го запрете, според тоа колку ви требаат коментари.
Прво: дали воопшто ви требаат коментари?
Искрено — за 80% од бизнис сајтовите (услуги, продавници, визит-карти) коментарите не носат ништо. Дискусијата се случува на Facebook и Instagram. Ако е така и кај вас — најдоброто решение е да ги исклучите.
Решение 1: исклучете ги (најчисто)
- За нови објави: Поставки → Дискусија → отштиклирајте „Дозволи луѓето да поднесуваат коментари“
- За постоечки: Објави → обележете сè → Уреди → Коментари: Не дозволувај → Ажурирај
- Или плагин Disable Comments — со едно копче ги гаси насекаде
Решение 2: ако сакате коментари
- Akismet — доаѓа со WordPress; бесплатен за лични сајтови, фаќа над 95% од спамот
- Поставки → Дискусија: „Коментарот мора да биде одобрен рачно“ — ништо не се појавува без вашето одобрување
- Забранете коментари на објави постари од 30 дена (истата страница) — старите објави се главна мета
- Барајте име и е-маил; забранете HTML линкови
Решение 3: против навала
Ако добивате стотици дневно и серверот се оптоварува: cPanel или безбедносен плагин може да ја блокира адресата wp-comments-post.php за надворешни барања. Ова е чекор што ние го правиме за клиенти под напад — не е за самостојно експериментирање.
Што НИКОГАШ
Не одобрувајте спам коментари „за да има активност“ — линковите кон сомнителни сајтови ја рушат вашата репутација кај Google. И не одговарајте: тоа се ботови.
Ситница
Ако имате стотици спам коментари во чекање: Коментари → Спам → Испразни спам. Големата база забавува сè; чистењето е моментално олеснување.